Меѓународен тим од уметници изработи замок од песок висок 17,66 метри во Бинц на островот Риген на Балтичкото Море и со тоа го сруши досегашниот светски рекорд на замокот од 16,68 метри.

Уметниицте почнаа да работат на замокот во мај со помош на багер и кран и искористија повеќе од 11 тони песок. Тие прво направиле конус од 27 метри како основа и потоа го формирале замокот. Во тимот имаше уметници од Холандија, Русија, Унгарија, Летонија и од Полска.

Посетителите ќе можат да го видат замокот во рамките на изложба на скулптури од песок, која трае до 3 ноември.