ЗОРАН КАРДУЛА ИЗЛОЖУВА МИКС НА СУПЕРХЕРОИ И СОВЕТСКИ ПОСТЕРИ ВО „АНАГОР“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Графичкиот дизајнер и уметник Зоран Кардула вечерва (19:30 часот) ќе има изложба во новиот простор на галеријата „Анагор“ (на улицата Лермонтова), која постои 45 години.

Кардула изложува ретро-модерни дела со суперхерои од американски стрипови во комбинација со советски пропагандни постери.

Кардула на 8 ноември во Рим отвори изложба со негови редизајни на југословенски постери и споменици од НОБ. Има учествувано на голем број конкурси и победил на постер-натпреварот на Латино филмскиот фестивал. Во ноември 2017 имаше изложба во САД, а лани во Рим ја претстави поставката „Изложба без жири“ со 40 негови дела, редизајни на симболите кои ја одбележаа социјалистичката ера на Југославија.