ДИЗНИЛЕНД ОТВОРЕН ПО ЕДНА ГОДИНА, ЗАБРАНЕТО Е ГУШКАЊЕ СО МАСКОТИТЕ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

По повеќе од една година поради ковид пандемијата, повторно е отворен Дизниленд во Калифорнија, но со протокол кој вклучува носење заштитни маски  и мерење на телесната температура. Тематскиот парк, меѓудругото им забрани на посетителите да се гушкаат со маскотите на „Волт Дизни“.

Паркот засега е отворен само за жителите на Калифорнија, а капацитетот е ограничен на 25 отсто, заради одржување на физичка дистанца.

Маските се задолжителни и за деца над две години. Засега нема да има ниту паради, ниту ноќни шоу-претстави со огномети, со цел да се спречат гостите да се доближуваат.