Во Дубаи се отвори најдлабокиот базен на светот за нуркање, каде пливачите може да се спуштат до 60 метри длабочина. Во базенот може да се движат низ прозорци, врати. Има и автомобил, посебни светла и звук, а може и да играаат подводни игри.
Дубаи, светска туристичка акракција веќе има неколку места кои се рекордни, како на пример највисокиот базен во светот, највисоката зграда во светот како и огромни аква-паркови.
Базенот, со површина од шест олимписки базени, доби потврда од Гинисовата книга на рекорди како најдлабок базен во светот за нуркање. Од „Deep Dive Dubai“ велат дека е за 15 метри подлабок од кој било друг базен.