Масивна норвешка смрека беше осветлена со сијалици во разни бои и ѕвезда „сваровски“ на врвот, на традиционалната свеченост пред Божик во Њујорк.
Градоначалникот Бил де Бјасио го сврте прекинувачот за да ги запали сијаличките на елката во Рокфелер центарот, додека се прикажуваа снимени настапи на Дајана Рос и Тони Бенет.
Дрвото високо 72 метри е декорирано со сијалици во должина од 8 километри и ѕвезда со кристали тешка 408 килограми. Рокфелер ја организира традиционалната церемонија од 1931 година.
Смреката стара 75 години е донација од двојка од Волкил, околу 100 километри северно од Њујорк. Ќе остане до 7 јануари, а потоа ќе биде донирана на „Хабитат фор хјуманиту“ за да изградат куќи.