ФОТОГРАФСКО ПАТУВАЊЕ НИЗ АНДАЛУЗИЈА СО КОЛЕВСКИ И ПЕНУШЛИСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Андалузија“ (Andalucia) е насловена изложбата која ќе се отвори утре во 20 часот во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ).

Ќе бидат претставени четириесетина уметнички фотографии на двајца современи македонски фотографи, Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски. Изложените фотографии се направени во градовите Кордоба, Севилја, Гранада, Гразалема, Кадис и Ронда, кадешто двајцата автори имале студиски престој во периодот октомври-ноември 2017 .

„Прикажувајќи ги луѓето, обичаите, природните убавини, културните споменици и архитектурата низ призмата на своите апарати, Колевски и Пенушлиски нудат уметничко толкување на идентитетот на овој регион на Шпанија“, велат од МКЦ.