Храбрите и драматични креациии на најголемите холивудски ѕвезди го вратија сјајот на 76. Златни глобуси, за разлика од ланското доделување, кога речиси секој гостин носеше црно, во знак на протест за сексуалните малтретирања на работното место, што беше дел од движењето „Времето истече“.
Годинашната свеченост ја обележаа класичните креации и фустани како од бајки, а најзабележителна беше Леди Гага. Пејачката и актерка, која имаше две номинации за улогата во „Ѕвезда е родена“, а доби Златен глобус за најдобра песна, носеше балска креација од „Валентино“, со која ѝ оддаде признание на Џуди Гарланд која глумеше во верзијата на „Ѕвезда е родена“ од 1954 година.
Актерката и една од водителките на церемонијата, Сандра Оу и Клер Фој со нивните стајлинзи беа едни од ретките кои потсетија на златните времиња на Холивуд.