ИБРАХИМОВИЌ ДОБИ СТАТУА ВО РОДНИОТ ГРАД МАЛМЕ

Малме, (Би-Би-Си)

Златан Ибрахимовиќ доби статуа во својот роден град Малме.

Бронзената скулптура, нарачана од Шведската фудбалска федерација, беше отворена пред стотици фанови и се наоѓа пред стадионот во Малме, каде што Ибрахимовиќ и ја почнал кариерата.

Без разлика од каде доаѓате, каде сте и како изгледате, оваа статуа е симбол на тоа дека сѐ е можно“, изјави 38-годишниот Ибрахимовиќ, чии родители се емигранти од Југославија кои се запознале во Шведска во 1970-ите.

Сепак, Ибрахимовиќ избра да настапува за шведската репрезентација, за која постигна 62 гола на 116 натпревари. По Малме, тој го носеше дресот на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер јунајтед, а сега е член на Лос Анџелес галакси.

Два и пол метри високата статуа е дело на шведскиот уметник Петер Линде.