Куклата Кен наполни 60 години, откако се појави на пазарот две години по неговата најдобра другарка Барби.
По тој повод, „Мател“ лансираше репродукција на оригиналната кукла Кен од 1961 година, со руса коса, црвени гаќички за капење и сандали и жолт пешкир. Низ децениите, Кен го менуваше имиџот во интерес на различноста.
Компанијата кажа дека соработува со неколку модни дизајнери за да се одбележи роденденот на Кен и да се прикаже како инфлуенсер.
„Кен, исто како и Барби, секогаш бил одраз на времето во кое живееме. Можам да кажам дека Кен е најдобар пријател на Барби, која секогаш ја поддржува“, изјави Роберт Бест, виш директор за дизајн во „Мател“.
Тој додава дека лани биле продадени 76 милиони кукли Кен, „што покажува дека тој и натаму е важен дел од тој свет“.
Барби и Кен се именувани според децата на основачите на „Мател“, Елиот и Рут Хендлер.