Модата е речиси исто толку важна на Оскарите како и филмовите, а холивудските ѕвезди ноќеска се прошетаа на црвениот килим во Лос Анџелес во разни впечатливи комбинации, од елегантна до драматична мода.

Оваа сезона на награди беше во знакот на воздржан стил и темен монохроматски изглед, но А-листата на Холивуд сношти се појави во сјајни фустани, со светки или во металик боја во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Во текстовите за овогодинешните Оскари се појавуваат и многу бројки. Така фустанот од „Ралф Лорен“ на Селена Гомез е инспириран од Софија Лорен и имаше над 16.000 стакленца во форма на капки. Фустанот „Шанел“ на Лупита Нјонго со боја на слонова коска содржеше преку 22.000 елементи од вез, вклучително и прерамки направени од низи од бисери.

Фустанот на Аријана Гранде, дело на „Скјапарели“, имаше преку 190.000 кристални светки и исечени мониста, давајќи му блескав сјај на здолништето од тил.

Но, сатенот беше материјалот што го избраа многу од најдобро облечените на црвениот тепих, вклучително и ѕвездата на „Анора“ Мајки Медисон и Рафи Кесиди, кои носеа елегантни комбинации од „Луј Витон“ и „Лоу“.



Фото: Селена Гомез, Синтија Ериво и Аријана Гранде (Гети)