КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ИНВЕСТИРАЛ 13 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СВОЈОТ НОВ ХОТЕЛ ВО МАДРИД

Мадрид, (Марка)

Кристијано Роналдо го отвора својот прв хотел надвор од Португалија, во кој вложил 13 милиони евра. „Пестана ЦР7“ во Мадрид е подготвен да ги прими првите гости на 7 јуни, откако Шпанија ги олесни ограничувањата во туризмот и патувањата.

Хотелот е сместен во зграда од 1923

Роналдо поседува успешни хотели од оваа франшиза и во Лисабон и на Мадеира, а бизнисот наскоро ќе го прошири во Њујорк и Маракеш.

Новиот хотел е сместен во целосно обновена зграда од 1923 година и ќе има 168 соби на десет спратови. Ќе содржи теретана, пицерија и спортски бар, како и базен и бар на покривот, од каде што се отвора панорамски поглед на Мадрид.