ЛУКСУЗНИ МОДНИ БРЕНДОВИ ЌЕ ПРАВАТ ХИРУРШКИ МАСКИ

Париз, (Би-Би-Си)

Модните брендови „Ив Сен Лоран“ и „Баленсијага“ ќе ги искористат своите погони за да прават хируршки маски место луксузна облека во периодот кога светот се бори со пандемијата на коронавирусот.

Нивниот сопственик „Керинг груп“ исто така вети дека ќе купи три милиони заштитни маски за француските здравствени служби.

„Ќе ги увеземе од Кина за да придонесеме во борбата против КОВИД-19“, соопшти компанијата, додавајќи и дека ќе донира пари за Институтот за биомедицински истражувања „Пастер“.

„Гучи“, исто така во сопственост на оваа групација, ќе обезбеди над еден милион маски и друг потребен материјал за италијанските болници.

Претходно, и сопственикот на „Луј Витон“ се прилагоди на ситуацијата, па почна да произведува гел за дезинфекција на раце.