МЕЛАНИЈА ТРАМП ГИ ПОСЕТИ ДЕЦАТА-МИГРАНТИ ВО ЈАКНА СО НАТПИС „НЕ МИ Е ГАЈЛЕ, А ТЕБЕ?“

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Првата дама Меланија Трамп падна на полето на коешто треба да е најсилна и беше жестоко критикувана за изборот на облеката при посетата на центар за деца-мигранти во Тексас. Додека се качуваше во авион, таа носеше јакна со графити-натпис на грбот „Не ми е гајле, а тебе?“ и нејзината портпаролка се обиде да ја одбрани, изјавувајќи дека нема скриена порака во тоа.

Јакната на „Зара“ од 39 долари предизвика големи бранувања на социјалните мрежи.

„Доколку медиумите би ги трошеле своите време и енергија на напорите да им се помогне на тие деца, место да шпекулираат и да се фокусираат на нејзината облека, сите заедно би постигнале многу повеќе“, кажа портпаролката Стефани Гришам.

Меланија Трамп неја носеше истата јакна кога пристигна во Тексас.