Сè повеќе брендови за убавина, како „Бенефит“, „Есте Лаудер“, „Берминералс“ и „Сефора“, користат виртуелни апликации за пробување шминка и за препорачување производи. Компаниите за апликации како „Модифејс“ и „Меиту“ заработуваат од индустријата за убавина, која ги прави првите чекори кон воведување технологија во својот маркетинг.
Апликации како Хајмирор плус и Скинскенер на „Неутрогена“ покажуваат дали на лицето му треба хидратантен крем или крем против брчки. „Шварцкопф“ препорачува дали ви треба регенератор за коса или не. Секоја од овие апликации е поврзана со одредени партнерски компании и потоа препорачуваат нивни производи.
Можеби, најголемата предност на овој тип на уред е што ги ориентира луѓето низ козметичкиот пазар, за да не пробуваат многу производи, од кои малку можат да бидат ефективни. Истовремено, ваквите апликации ги олеснуваат консултациите со стилистите околу тоа каков производ ќе користите за вашата коса или за шминкање, особено ако одите во салон кадешто не знаат многу за вашите потреби.