Автомобилите му беа инспирација на дизајнерот Кристијан Сириано за новата колекција есен/зима прикажана на Модната недела во Њујорк, презентирајќи модели и за жени и за мажи.
Манекенки облечени во сјајни јакни и панталони, елегантни фустани и обемни тоалети се шетаа по целосно црвената модна писта со паркирана „тојота“ во близина. На некои креации имаше детали како дамки од боја, дамки од нафта и траги од гуми. Сиријано користеше многу црвена, како и сина, црна и бронзена боја.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2025/02/siriano-ap.png)
„Колекцијата е инспирирана од врската помеѓу секси автомобилскиот дизајн и облеката. Црвеното го симболизира за мене тој легендарен црвен автомобил, тој легендарен црвен фустан на црвениот тепих и тие одат заедно“, рече Сиријано зад сцената.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2025/02/siriano.png)
Ревијата се одржа на првиот ден од Модната недела во Њујорк, каде што 60-ина брендови, меѓу кои „Мајкл Корс“, „Каролина Херера“ и „ЛаКуан Смит“, ќе ги претстават своите креации. Настанот трае до 11 февруари.