„ГУЧИ“ ЌЕ ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА РЕВИИ СО ЦЕЛ ДА ГО НАМАЛИ ОТПАДОТ

Рим, (Дезин)

Уметничкиот директор на „Гучи“ Алесандро Микеле објави дека италијанската модна куќа веќе нема да учествува на сите ревии, туку ќе има само две годишно, со цел да се намали отпадот.

Микеле објави серија написи во кои говори за еколошката штета што ја прави модната индустрија, меѓу кои влијание има и „Гучи“, што планира да го сопре.

Како што објаснува, „Гучи“ нема да има пет ревии во стандардните термини за модниот свет и наместо тоа, ќе одржи само две, под нивни услови и организација.

„Два настана годишно е повеќе од доволно, за да се остави време да се формира креативната мисла и да му се даде време на системот. Одлуката ја донесов во овој период на пандемија на КОВИД-19, кога имав време да размислам одново за моите дејства и да променам многу нешта“, напиша тој на Инстаграм.