Во Македонија е регистрирана најголемата бројка новозаразени со коронавирус во последните месец и пол, истата недела кога беше укинат најголемиот дел од рестриктивните мерки.

  • Шеесетгодишен стружанец и 64-годишен пациент од Гостивар се последните жртви на КОВИД-19 во земјата.
  • Вкупната бројка починати порасна на 133.
  • Од направените 771 тестирање во изминатите 24 часа, 62 биле со позитивен резултат, најмногу од 16 април.
  • Скопје повторно е лидер со 24 нови случаи, па следуваат Штип со 14, Тетово со 12, Струга со четири, Гостивар со три и Велес, Кочани и Валандово со по еден.
  • Во земјата досега има 2.226 позитивни теста на коронавирус, при што има 541 активен случај, најмногу во Скопје (267).
  • Бројката оздравени изнесува 1.551.