Ралф Лорен избра познати модели за модното шоу на кое се промовираше неговата колекција „Американа“. Ревијата се одржа во монденската населба Хемптонс во близина на Њујорк, во модерен коњички комплекс од 19 хектари.
Креациите ги носеа Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон, меѓу другите, а во првите редови на публиката беше и првата дама на САД, Џил Бајден.
На ревијата беше промовирана машка, женска и детска облека.
Меѓу гостите на ревијата беа и актерите Наоми Вотс, Том Хидлстон, Џад Ло и Џастин Теру и пејачката Кејси Масгрејвс. За модното шоу музичарот Ашер рече дека е „американска љубов“.
(Фото: АП)