НАОМИ КЕМБЕЛ ЅВЕЗДА НА РЕВИЈАТА НА „ИВ СЕН ЛОРАН“ ВО ПАРИЗ

Париз, (Ројтерс)

Една од најславните манекенки на сите времиња Наоми Кембел се појави како изненадување на крајот од ревијата на „Ив Сен Лоран“ на Модната недела во Париз.

Фото: Вог

Моделите се движеа низ голем број проектори на модната писта, додека зад нив беше Ајфеловата кула. Каја Гербер, ќерката на Синди Крофорд, беше една од учесничките, а Кембел ја затвори ревијата.

Фото: Вог

Меѓу гостите беа француската филмска дива Катрин Денев, мексиканската актерка Салма Хајек и оскаровецот Рами Малек.