Една од најславните манекенки на сите времиња Наоми Кембел се појави како изненадување на крајот од ревијата на „Ив Сен Лоран“ на Модната недела во Париз.

Фото: Вог

Моделите се движеа низ голем број проектори на модната писта, додека зад нив беше Ајфеловата кула. Каја Гербер, ќерката на Синди Крофорд, беше една од учесничките, а Кембел ја затвори ревијата.

Фото: Вог

Меѓу гостите беа француската филмска дива Катрин Денев, мексиканската актерка Салма Хајек и оскаровецот Рами Малек.