„Согласност. Согласност. Согласност“, светкаа неонските светла за време на ревијата на „Диор“ на Модната недела во Париз, каде што ја претстави колекцијата есен/зима 2020. Во екот на #MeToo движењето, тоа сигнализираше дека првата дизајнерка во историјата на оваа модна куќа, Марија Грација Кјури, продолжи да го вметнува феминизмот во своите дизајни.

Сценографијата направена во соработка со уметницата Клер Фонтен имаше силно влијание врз гостите, меѓу кои беа и актерките Сигурни Вивер и Деми Мур и сопругата на поранешниот француски претседател Никола Саркози, Карла Бруни.
Најмоќната модна порака на ревијата беше препознатливото палто на „Диор“ искомбинирано со машка кошула и вратоврска, што го носеше манекенка со кратка коса.
