Француската модна икона Жан-Пол Готјe oтвори нов фронт во битката против градници, порачувајќи „Ослободете ги брадавиците“ на Париската модна недела за висока мода, која заврши синоќа.
Екстравагантниот дизајнер на овој начин ѝ даде поддршка на една тинејџерка од Флорида, која морала со фластери да ги прекрие своите со фластери во средното училиште, затоа што не носела градник под маичката.
Лизи Мартинез (17) беше главна вест во медиумите во април, кога објави дека наставниците ѝ рекле да облече втора маица и да залепи фластери на брадавиците, бидејќи останатите ученици биле деконцентрирани од нејзините гради.
„Скандалозно е една девојка да биде третирана на таков начин. Ако мажите имаат право да не носат ништо под маица, зошто да немаат и жените“, изјави Готје за АФП.
На ревијата, машки и женски модел, без горна облека, носеа полициски штитови со порака „Ослободете ги брадавиците“ на англиски и на француски јазик.
„Не велам да ги разголувате градите. Јас сум голем фан на корсети и градници, како што знаете. Но, на жените треба да им биде дозволено да не носат градници под маица. Сакав да покажам дека можеш да одиш со голи гради, без да бидеш нападнат или вознемируван. Се работи за слобода да уживаш и да не ги земаш работите здраво за готово“, изјави легеднарниот дизајнер.