МОДЕЛИТЕ СО МАСКИ ОД КУЧИЊА НА ПАРИСКАТА МОДНА МАШКА НЕДЕЛА

Париз, (АП)

Модниот свет му рече „чао “на Милано и „здраво“ на Париз.

Францускиот главен град следниве пет дена ќе понуди педесет модни ревии, забави, бизнис-договори од милиони долари, како и најнови трендови во машката мода.

Моделите на Жулиен Давид, со маски на кучиња, претставија 22 дизајни, кои предизикуваат чувство на надреална забава и релаксација (Фото: АП)

Модната куќа „Валентино “ ќе ги претстави своите есенски креации од дизајнерот Пјерпаоло Пичоли на првиот ден, заедно со некои помалку познати куќи, како што се „Жулиен Давид“ и „Фејстезм“ .

Критичарите ја оценија оваа сценографија на Давид, нова ѕвезда на париската машка мода, како паметен потег, со цел да го истакне сопствениот стил (Фото: АП)

„Живееме во компетитивен свет, кадешто секој секому е закана или конкуренција“, е пораката на колекцијата на францускиот креатор Жулиен Давид.

Моделите на Давид, со маски на хаски, далматинци, пудлици и булдози, претставија 22 дизајни, кои предизикуваат чувство на надреална забава и релаксација.

Кристоф Лемер се претстави со есенско-зимска линија со чисти линии и слободни, лелеави силуети (Фото: АП)

Моделите на денешното претставување седеа на столици покрај масите, декорирани со игри со карти и домино или потпрени на каучот. Критичарите ја оценија оваа сценографија на Давид, нова ѕвезда на париската машка мода, како паметен потег, со цел да го истакне сопствениот стил.

Модел од колекцијата на Лемер (Фото: АП)

Кристоф Лемер се претстави со есенско-зимска линија со чисти линии и слободни, лелеави силуети. Тој се движи кон војничкиот тренд со чизми, копчиња, големи рамни џебови и јакни. Неговата колекција со 40 парчиња беше главно во есенска палета на бои, како и во сива, црна и златно-кафена.

Колекцијата на Лемер со 40 парчиња беше главно во есенска палета на бои (Фото: АП)

 

Француските креатори Кристоф Лемер и Сара Лин-Тран ја поздравуваат публиката по претставувањето на колекцијата (Фото: АП)

„Фејстезм“ го искористи трендот на облека во работнички стил, како почетна точка за колекцијата есен-зима.

Компанијата која е основана во Токио доби признанија за своите концептуални стилови, со навестување на панк модели. Главни теми на нивното шоу беа преголеми парчиња облека во темни нијанси, а некои имаа и бои како лимон-жолта, неонско сина или светло-црвена. Неколку дизајни потсетуваа на стилот од 80-ите години.