ПОЗНАТИ МОДНИ БРЕНДОВИ ЈА БОЈКОТИРАА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Неколку големи модни брендови како „Томи Хилфигер“ и „Ралф Лорен“ ја бојкотираа Модната недела во Њујорк годинава поради, како што рекоа, хаосот во модната индустрија.

Некои пак решија своите нови колекции да ги презентираат во други градови. Вили Чаварија, еден од најистакнатите дизајнери од Њујорк, се одлучи да ја промовира својата машка колекција на Модната недела во Париз.

Александар Скарсгорд, Кејт Мос, Кристи Тарлингтон и Грејс Барнс на ревијата на „Келвин Клајн“ (Фото: Гети)

Скратената Модна недела во Њујорк ќе се памети по дефилето со кукли на Марк Џејкобс и блескавите креации на Кристијан Сиријано инспирирани од автомобилската индустрија. Првата колекција на Вероника Леони за „Келвин Клајн“ покажа асиметрични и удобни фустани.

Клајн, кој има 82 години, беше во публиката заедно со Кејт Мос, Кристи Тарлингтон, ФКА Твигс и Кендал Џенер.