Премиерот на Албанија Еди Рама во патики дојде и во Скопје на Самитот 100. Албанскиот премиер во црни патики, црн костим и црвена вратоврска, се појави денеска на премиерскиот самит.

Патиките се дел од имиџот на Рама. Тој во патики и тренерки се појави на вечерата што високата претставничка на ЕУ Фредерика Могерини ја приреди за лидерите на Западен Балкан во Брисел во мај.
Во бели спортски патики и палто ги пречека лидерите на Западен Балкан и на средбата во август, која се одржа во Драч.