Непал обезбеди место во Гинисова книга на рекорди откако организираше модна ревија на најголемата надморска височина во историјата.

Настанот се одржа на височина од 5.340 метри на Калапатар, во близина на базен камп за оние кои го искачуваат Монт Еверест. На модната ревија, дел од туристичката кампања „Посетете го Непал во 2020“, учествуваа модели од цел свет и тие допатуваа од земји како Италија, Финска, Шри Ланка и Сингапур.

Дел од ревијата беше и Наташа Борозан, манекенка од Мостар која живее во Италија (Фото: Инстаграм)

„Поставивме нов рекорд: модна ревија на надморска височина од 5.340 метри! Пешачевме 11 денови без да се тушираме, пиевме превриен снег и спиевме на температури до -30 Целзиусови степени без дополнителен кислород. Не беше лесно, но успеавме“, напиша на Инстаграм Наташа Борозан, манекенка од Мостар која живее во Италија.

Настанот имаше за цел да промовира одржлива мода и свесност за климатски промени и целата авантура ќе биде претворена во реално шоу, што ќе се емитува на пролет.