Искинати фармерки, тексас јакни, поло маици… Коса со големи локни, мустаќи, плетени џемпери, потпунки, „фудбалерки“, светки… 1980-ите долго време се сметаа за прилично лош моден период. Во деновите кога Германија ја слави 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, фотографиите од тој период повторно излегуваат во јавност.

Актуелна е модата од 1980-ите. Модните брендови и продавниците за носена облека профитираат од оживувањето на тој период. Поло маици, долги џемпери, како и големи палта сѐ повеќе се бараат, барем во Германија, каде што јубилејот се одбележува со повеќе од 200 настани само низ Берлин. „Ливајс“ повторно продава фармерки кои изгледаат исто како од тој период.

„Модата е циклична“, вели модниот блогер Давид Рот.

Тој потенцира дека влијателните дизајнери кои се на врвот на нивната креативност денес имаат меѓу 35 и 45 години.

„Јасно е да се сфати, тие ја внесуваат модата од нивното детство во своите колекции. Секако дека секогаш ќе има нови модификации“, вели Рот.

Тој смета дека голем дел од работите од 1980-ите кои се вратиле се кул денес.

„Тренерки од свила, палта со широки раменици, локни и фризурата ‘фудбалерка‘ повторно се хит“, истакнува блогерот.