Софија Лорен и Валентино добија стоечки овации кога се појавија на завршувањто на Модната недела во Милано, кога беа доделени Зелените награди.
Осумдесет и петгодишната актерска легенда изгледаше величествено во црна тоалета, дополнета со масивен дијамантски ѓердан. Таа на својот пријател, 87-годишниот дизајнер Валентино, му ја врачи наградата за животно дело поради „револуционаризирање на модниот свет со неговите елеганција, страст и стил“.

Наградите се доделуваат за напредокот на модната индустрија, еден од најголемите светски загадувачи, во насока на подигнување на еколошката свест.