Сезоната на филмски награди ноќеска го достигна своето финале на Оскарите, а со тоа и модата на црвениот тепих.
Леди Гага го разбуди духот на класичниот Холивуд, носејќи црн фустан на Александер Меквин, а изгледот го дополни со елегантни вечерни ракавици и со дијамантски ѓердан на „Тифани“, што своевремено го носела Одри Хепберн.
Сепак, розевата се покажа како боја на вечерта и беше избор на голем број од актерките, што е голем контраст во споредба со минатогодишната доминација на темни фустани, кога движењето #MeToo беше на својот врв. Благодарение на Џулија Робертс, која го додели оскарот за најдобар филм, розево и ја затвори вечерта.