Малезискиот ланец книжарници „BookXcess“ создаде вистински рај за љубителите на книги.
Неговата нова книжарница „Кутија на знаењето“ се наоѓа во град во јужната провинција Џохор, во непосредна близина на Сингапур и е опремена со милион книги, што се простираат на површина од речиси 3.000 квадратни метри.
Од научна-фантастика до трилери, од книги за готвење до стручна литература за бизнис менаџмент, посетителите ќе можат да најдат буквално сѐ во „Кутија на знаењето“, во која има полици високи и седум и пол метри.
Книжарницата посебно внимание им посветува на најмладите читатели, па одделот „Детска пештера“ е опремен со „магични книги“ кои доаѓаат со технологијата за аугментативна реалност, што на децата им овозможува тридимензионално и интерактивно читачко искуство.
„Мисијата на компанијата е да ги врати љубовта и навиката на читањето. Читањето го зголемува знаењето, го гради карактерот и ја проширува свеста за општествени, економски и еколошки прашања“, вели основачот на „BookXcess“, Ендрју Јап.