Во изминатите години многу се зборуваше за проблемот на масовен туризам, што погодуваше некои од најпопуларните градови, дестинации и локации. Ситуацијата сега отиде во друга крајност поради ширењето на коронавирусот, кој од кинескиот град Вухан се прошири во повеќе од 90 држави, што ги натера властите да преземат драстични мерки, како карантин и затворање јавни места.

„Лувр“ беше затворен неколку дена на барање на вработените

Според експерти од туристичката индустрија, ова би можела да биде најлошата година за светскиот туризам во последните 20 години, односно од нападите врз САД на 11 септември 2001.

Пред катедралата во Милано сега има повеќе гулаби отколку луѓе

Голем број земји ги ограничија патувањата во Кина, која е најголемиот светски патувачки пазар, додека познати манифестации се откажуваат низ цел свет. Меѓу жртвите на коронавирусот се и Саемот на книга во Лондон, Автосаемот во Женева и Архитектонското биенале во Венеција.

Дизниленд во Хонгконг е затворен на неодредено време

Кјото

Букирањето хотели во Италија е намалено за 50%

Вухан е во изолација уште од јануари

Големата џамија во светиот град Мека пред и после појавата на коронавирусот (Фото: Ројтерс)