ОТВОРЕН ПРВИОТ ХОТЕЛ ВО РАМКИТЕ НА ЗАМОКОТ ВЕРСАЈ, НОЌЕВАЊЕ ЧИНИ 1.700 ЕВРА

Париз, (Си-Ен-Ен)

Првиот хотел во рамките на замокот Версај во Франција ги отвори своите врати, овозможувајќи им на гостите да престојуваат во едно од најлуксузните места на светот. За ова искуство ќе мора да платат 1.700 евра за едно ноќевање.

Составен од 14 соби и апартмани, „Гранд контрол“ е сместен во рамките на историските згради од 1681 година, кои за оваа прилика се реновирани од францускиот архитект и дизајнер на ентериер Кристоф Толемер.

Хотелот нуди прекрасен поглед на славната оранжерија и на огромниот декоративен базен ископан од швајцарската гарда меѓу 1679 и 1682 година. Ресторанот е раководен од прославениот готвач Ален Дикас и нуди мени инспирирано од Луј Четиринаесетти, како и класични француски јадења.