Ајфелова кула повторно ќе се отвори за посетители на 25 јуни, по најдолгото затворање од Втората светска војна. Таа ги затвори своите врати пред повеќе од три месеци поради кризата со коронавирусот.

Носењето маска ќе биде задолжително за сите посетители постари од 11 години.

Сепак, искачувањето на најпознатата париска знаменитост во прв период ќе бара добра физичка подготвеност бидејќи лифтовите засега остануваат надвор од употреба од хигиенски причини.

Пешки најмногу ќе може да се оди до второто ниво, до кое водат 674 скали. Самиот врв на кулата засега останува затворен бидејќи до него може да се стигне само со лифт. Меѓу второто и третото ниво има повеќе од илјада скали, но тие се користат само во случај на опасност.