Како остатоци на една одамна помината ера, последните големи слонови на Африка талкаат низ огромна, зафрлена дивина на Кенија.
Во соработка со невладината организација „Тсаво траст“ и Кениската служба за заштита на див свет, британскиот фотограф Вил Берард-Лукас помина еден месец снимајќи ги овие ретки животни. Неговата колекција интимни црно-бели портрети сега е објавена во книгата „Земја на џинови“.
Областа Тсаво во Кенија е дом на некои од последните големи слонови, чии бивни тежат по 45 килограми. Мажјак означен како ЛУ1 е една од главните ѕвезди во книгата и неговата поголема бивна има повеќе од 60 килограми.
Експертите веруваат дека се останати помалку од 20 вакви слонови и речиси половина од нив живеат во Тсаво.
(Фото: Вил Берард-Лукас)