Прв ден на јули е, а Страдун, најпознатата улица во Дубровник, е речиси празна. Тоа е сцена што жителите не ја паметат, но Дубровник е уште една популарна европска туристичка дестинација која ги трпи последиците од пандемијата на коронавирусот.

На улиците може да се сретне само по некоја помала група туристи, а и терасите на кафулињата не се полни.
Локалните медиуми најавуваат дека ситуацијата од денеска ќе почне да се подобрува бидејќи ќе се зголеми бројката на авионски летови кон градот и се очекува секој ден да ги има десетина, главно меѓународни.
Дубровник лани го посетиле рекордни 1,44 милиони туристи.