Германскиот парламент го изгласа продолжението на популарната шема на евтин јавен превоз, во обид да ги поттикне патниците да се префрлат на почисти форми на транспорт. Со новиот месечен билет од 49 евра ќе бидат покриени регионалните железнички, автобуски, трамвајски и метро превоз низ цела Германија.
Според шемата, федералната влада ќе покрие половина од годишните трошоци од три милијарди евра во следните три години, а остатокот ќе го платат 16-те сојузни покраини. Планирано е таа да стапи на сила на 1 мај, откако ќе биде одобрена и од горниот дом на парламентот.
Министерот за транспорт Фелкер Висинг ја опиша новата шема со билети како „пример за цела Европа што треба да го поттикне користењето на јавниот превоз“.
Минатата година, Германија воведе месечен билет за јавен превоз од девет евра, што важеше од јуни до крајот на август и се проценува дека околу половина од населението го искористиле ова.
(Фото: СМАРТ СДК.МК)