Во 2024, повеќе нови трендови се појавија во светот на патувањата. Многумина патуваа на местата каде што концерти имаше Тејлор Свифт, некои го посетија Париз за Олимпијадата, а други ја посетија Германија за Европското првенство. Многумина, исто така, го искористија периодот помеѓу шпицот на туристичката сезона и вонсезоната за да уживаат во најпопуларните европски дестинации без гужви. Гугл објави податоци за топ 10 земји кои забележале најголем пораст на пребарувањата во 2024.
1. Турција
Иако минатата година не беше ни во топ 10, Турција се најде на првото место поради разновидноста, богатата култура, историја, убавата архитектура и уметност. Истанбул е идеален за романтична авантура со врвни хотели и добра храна, додека шармантните села и боемската атмосфера се уште една причина што ја посетуваат туристите, како и долгиот морски брег.
2. Грција
Грција се најде на првото место на листата на најпребарувани земји за патување на Гугл во 2023, а оваа година падна на второто место. Грција е дестинација која никогаш не разочарува. Атина е дом на некои од најдобрите светски барови, а на островите има прекрасни зајдисонца.
3. Малта
Овој остров е популарна европска дестинација. Таму беа снимени многу познати филмови и ТВ серии како „Троја“ и „Игра на тронови“. Има ресторани, барови и хотели кои чекаат да бидат откриени.
4. Италија
Италија е мешавина од прекрасни градови од бајките, раздвижени улици и недопрени плажи. Додека шопингот во Милано е најпопуларен, кафулињата во градот се подеднакво вредни за истражување. Фиренца нуди некои од најдобрите хотели во Италија, а селата во Тоскана изгледаат како насликани. Рим вреди да се посети за храна, како и за истражување на историјата и уметноста.
5. Египет
Египет и понатаму цврсто останува на листите со желби на патниците. Покрај откривањето на античката историја, туристите сакаат да талкаат по улиците на земјата за да најдат скриени богатства. Уметничките галерии и пазарите се полни со интересни сувенири, а популарни се посетите на реката Нил и пустината Сахара која покрива 94 проценти од земјата.
6. Португалија
И покрај падот од четвртото на шестото место во 2024, патувањето до оддалечениот архипелаг на Азорските острови често се занемарува поради популарноста на португалските хотели на плажа, но исто така е дом на термални води, тиркизни лагуни и вулкани.
7. Кипар
Поради местоположбата помеѓу Грција, Турција и Либан, Кипар е вистинска мешавина на култури. Тој нуди планини покриени со снег, убави плажи покрај Средоземното Море и одлична кујна низ целиот остров. Кипар е рај за нуркачите.
8. Мексико
Патниците можат да ја впијат убавината на Мексико со неговите пространи плажи со бел песок, бујните дождовни шуми и неверојатната кујна. Оваа земја одговара на секој тип на патник, за љубителите на храна, за историчарите и за фотографите.
9. Маурициус
Во 1980-тите и 1990-тите, Маурициус беше омилена дестинација за џет-сетот, но со текот на времето неговата блескава привлечност избледе, а сега повторно е во центарот на вниманието благодарение на низата гламурозни хотели. Љубителите на природата ќе бидат воодушевени од зелените патеки и ретките птици.
10.Хрватска
Хрватска е опишана како земја која постепено стекнува репутација на европска туристичка дестинација. На туристите им се препорачува да посетат некои јадрански „скапоцени камења“ како островот Корчула. Се препорачуваат и вкусни гурмански патувања низ Сплит или Загреб и истражување на историскиот град Дубровник (фото) и неговите ѕидини. Хрватска има прекрасни плажи на крајбрежјето долго четири илјади километри.