ЈУЖНА КОРЕЈА ОТВОРИ ПАРК НА ПЕНИСИ ЗА ДА УСРЕЌИ ДУХ НА ДЕВИЦА

Сеул, (Мирор)

Јужна Кореја може да се пофали со бизарен парк на тема пенис и легендата вели дека бил изграден за да се одржува среќен духот на една девица.

Посетителите на паркот Хаесинданг, што се наоѓа во близина на крајбрежниот град Синам, можат да видат речиси 300 скулптури на еректирани пениси, посветени на девојка која загинала откако свршеникот ја оставил на брегот пред да замине во риболов.

Кога удрило невреме, таа се удавила во морето и оттогаш, нејзиниот дух може да биде задоволен само кога гледа машки гениталии.

Скулптурите се со различни големини и облици, вклучувајќи пенис во вид на топ, што се крева и паѓа во текот на денот.

Паркот беше отворен за јавност во 2007 година и денес е најголема колекција на пениси на светот (Фото: Јутјуб)

Паркот содржи и колекција од вистински зачувани гениталии од цицачи, како китови, фоки, мечки, мачки, па дури и глувци.

Во продавницата за сувенири, меѓу другото, можат да се купат и макарони во облик на пенис.

Не е познато кога точно почнаа да се појавуваат пениси на брегот на ова рибарско село. Наводно, локални жители почнале да ги поставуваат, откако гневниот дух на девицата ги уништил сите риби во околните води.

Паркот беше отворен за јавност во 2007 година и денес претставува најголема колекција на пениси на светот. Секоја година има 12.000 нови посетители, од кои 60% се жени.