НАЈМАЛАТА КУЌА ВО БРИТАНИЈА ОСТАНУВА ЗАТВОРЕНА ОТИ НЕ ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ

Кардиф, (Би-Би-Си)

Најмалата куќа во Велика Британија засега останува затворена бидејќи внатре не можат да се исполнат условите за социјално дистанцирање.

Посетителите на минијатурната куќа во велшкиот град Конви можат да стојат внатре, но не можат да направат обиколка. Таа потекнува од 16. век и со својата подна површина од три метри со 1,8 метри била прогласена за непогодна за живеење во 1900 година.

Куќата порано била дом на рибарот Роберт Џонс, кој со своите 1,91 метар бил превисок за да може да стои во собите, па градскиот совет му наредил да се исели. Куќата во меѓувреме стана туристичка атракција и внатре може да се влезе за една фунта.

Музеите во Велс повторно ќе почнат со работа на 27 јули, но засега е нејасно дали тоа ќе важи и за куќата.