Непал ги затвори сите хималајски врвови, вклучувајќи го и Монт Еверест, од страв од ширењето на коронавирусот. Тамошната влада соопшти дека ќе ги поништи сите дозволи за искачување за периодот од 14 март до 30 април. Претходно, и Кина ги забрани искачувањата на највисокиот врв на светот од нејзина страна.
Непал заработува 4,4 милиони долари годишно од издавањето дозволи за искачување на Монт Еверест.
„Одлучивме да ги стопираме сите туристички визи до 30 април и се откажуваат сите издадени дозволи за искачување за оваа сезона“, изјави портпаролот на непалската влада.
Секој што сака да се качува на Монт Еверест мора да плати 11.000 долари, но се размислува за зголемување на цената.
Во Непал досега има само еден случај на коронавирус, и тоа кинески студент.