ПАРИЗ ПО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ГИ ОТВОРИ ДИЗНИЛЕНД И ВРВОТ НА АЈФЕЛОВА КУЛА

Париз, (АП)

Туристичката индустрија на Франција доби дополнителен поттик денеска откако повторно беа отворени Дизниленд во Париз и врвот на Ајфелова кула.

Дизниленд, најпосетениот тематски забавен парк во Европа, беше затворен во средина на март, кога Франција се бореше со првиот бран на коронавирусот. Посетителите мора однапред да се регистрираат онлајн и нивниот број ќе биде ограничен.

Откако првите две нивоа беа отворени на 26 јуни, и тоа без лифтови, посетителите од денеска можат да уживаат во погледот на Париз од самиот врв на Ајфелова кула. Бројот на луѓето ќе биде ограничен на 250.