ПЛАНИНАРСКИ ПОДВИЗИ КОИ ОСТАНУВААТ НЕОСТВАРЕНИ ОД ЧОВЕКОТ

Лондон, (Гардијан)

Северниот гребен на Латок 1, 7.145 метри високиот врв во планините Каракорам во Пакистан, ги „поразува“ планинарите веќе 40 години, уште од првиот обид да биде искачен, од силна американска експедиција во 1978 година. Неодамна, таму загина рускиот планинар Сергеј Глазунов, за потоа, пред две недели, словенечко-британска тројка да дојде најблиску до историскиот подвиг.

Алеш Чешен, Лука Стражар и Том Ливингстоун во прв момент објавија дека успеале, за потоа да се утврди дека последната третина, поради преголема опасност, ја поминале од друга страна. На тој начин, Латок 1 сè уште и официјално останува неосвоен.

На светот сè уште има планини и маршрути кон популарни врвови кои допрва треба да се искачат. Повеќето од нив се на Каракорам и Хималаи, но ги има и на Анди, Аљаска и на Антарктик.

МУЧУ ЧИШ

Највисокиот врв на светот на кој никој досега не се искачил е Гангкар Пунсум, висок 7.570 метри. Но, бидејќи Бутан целосно го забрани планинарењето во 2003 година, овој статус му припаѓа на 7.542 метри високиот Мучу Чиш, што се наоѓа на Каракорам.

МАШЕРБРУМ

Уште една делница на Каракорам, поточно неговото североисточно лице.

АНАПУРНА 3

Југоисточниот гребен на овој масив во Непал се наоѓа во една од најтешко пристапните долини на Хималаи. Од првиот обид во 1981 година, 20-ина експедиции пробале, но не успеале.

К2

На светот има 14 врвови повисоки од 8.000 метри и само еден од нив никогаш не е искачен во зима. „Суровата планина“ тогаш станува застрашувачки студена.

ПОТКОВИЦАТА НА ЕВЕРЕСТ

Западниот гребен на Еверест е искачен само еднаш, во 1963 година. Ули Штек сакаше да го повтори тоа и потоа преку југоисточниот гребен да стигне до Лотсе. За жал, тој загина во 2017 година. Се смета дека комплетирањето на „Потковицата на Еверест“ преку врвот Нуптсе е лудо тешко.