ПРВИОТ ХОТЕЛ ВО ВСЕЛЕНАТА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО 2027, ЌЕ МОЖЕ ДА ПРИМИ 440 ЛУЃЕ

Њујорк, (Дезин)

Фондацијата „Гетавеј“ објави дека во 2027 планира да го отвори првиот хотел во вселената, наречен „Станица Војаџер“.

Хотелот ќе го гради „Орбитал асембли“, која за себе вели дека е „прва градежна фирма за големи објекти во вселената“.

Фото: Дезин

Изградбaта на објектот од 50.000 квадратни метри ќе почне во 2026, а првите гости се очекуваат во 2027. Хотелот ќе може да прими 440 лица, а како опции за сместување ќе се нудат луксузни вили од 500 квадратни метри и хотелски соби од 30 квадратни метри. Ќе има ресторани, кафулиња и спортска сала, во која ноќе ќе се одржуваат концерти.

Фото: Дезин

Ротирачкиот хотел ќе има форма на прстен, што ќе му дава гравитација еднаква на една шестина од онаа на Земјата.

„Патувањето во вселената ќе биде уште една опција плус за луѓето кога ќе го планираат одморот“, велат од „Гетавеј“.