Со миса и посебно издание на најпознатиот бразилски алкохолен пијалак кашаса, Рио де Жанеиро го одбележа 90. роденден на едно од своите обележја – статуата на Исус Христос Искупителот.
„Ние Бразилците секојдневно гледаме во Христос. И кога е сокриен во облаците, знаеме дека е таму“, изјави надбискупот на Рио, Орани Темпеста.
Пред пандемијата, 38 метри високата статуа на врвот на ридот Корковадо ја посетуваа речиси два милиони луѓе годишно.
Сметана за едно од седумте чуда на модерниот свет, Католичката црква распишала конкурс за изградба на статуата во 1921 година, со цел да се одбележи еден век независност на Бразил од Португалија. Статуата ја дизајнирале и изработиле бразилскиот инженер Еитор де Силва Коста и францускиот скулптор Пол Ландовски и била отворена на 12 октомври 1931. Во 1973 беше прогласена за историски споменик.