Додека Македонија се подготвува за предновогодишните журки, во некои катчиња од светот веќе пристигна 2023 година.
Традиционално, првите спектакуларни огномети се испукуваат во Нов Зеланд, на пладне по македонско време, но честа први да ја прослават новата година ја имаат мали океански нации. Тоа се случи во 11 часот по македонско време, кога жителите на Самоа, Тонга и Кирибати влегоа во 2023.
Бидејќи има 39 различни временски зони, на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во новата година, од кои последното населено место е Американска Самоа. Таа и Самоа се разделени со само еден час лет, но се наоѓаат на различни страни од Меѓународната датумска линија во Тихиот Океан, па оттука и големата временска разлика.