ВО ЊУЈОРК ОТВОРЕНА ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЗА МАРИХУАНА

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Во Њујорк вчера се отвори првата продавница за марихуана за рекреативна употреба, а прв муштерија беше еден локален функционер. Продавницата во Ист Вилиџ во срцето на Менхетн ја води една непрофитна организација и ќе биде отворена седум дена во неделата, објави гувернерката на Њујорк, Кејти Хочал.

Ова е историско. Многу е важно за нас кои пушиме марихуана да можеме да купиме проверен и квалитетен производ“, изјави Лино Пастрана, еден од стотици луѓе кои чекаа во редица пред отворањето на продавницата.

Ова е првата од 36-те лиценцирани продавници за марихуана кои наскоро ќе се отворат, а треба да се издадат уште 139 дозволи.

Њујорк е меѓу 20-ина сојузни држави во САД кои целосно ја легализираа марихуаната, а законот за тоа беше потпишан во март 2021.