Скопско смуд и патувачките блогери „Ноу менс ленд“ неделава ве носат на надморска височина од 2.076 метри, на еден од најубавите врвови на Осоговските Планини – Царев Врв, откако последниве четири недели беа на неколку патувања до најсвежите места во Македонија – Старавина, Подгоречко Езеро, Крушево, и Колешински водопад.
„Колкупати сме биле изненадени од точки низ Македонија кои за нас биле непознати… и колкупати таа средба со такви трагања отворила нестварни пејзажи кои потсетуваат на некои места од оваа планета, кои сме имале среќа да ги посетиме или пак преку фотографии да ги отсонуваме. Нашите трагања низ Македонија започнаа во еден октомври 2018, спонтано на Илинска Планина. Блогот, како идеја со име и концепт, се роди на едно како сон уживачко пешачење, до манастирот Трескавец во февруари 2019. А, го започнавме официјално дури 11 месеци подоцна, на 19 јануари оваа 2020“, велат од Скопско смуд и „Ноу менс ленд“ и додаваат:
„Во нашите сеќавања има спомени од многу наши откривања на Македонија, имаме стотици албуми со илјадници фотографии и бескрајно многу напишани редови кои се преточени во овој блог. Пред очи и сега ни излегуваат сите планини и врвови, сите места и личности кои на ова патување сме ги сретнале. Како да се случиле вчера…“.
Ова неколкумесечно присуство во виртуелниот простор остави впечаток на тимот позади Скопско смуд и одлучија да направат кампања заедно со „Ноу менс ленд“.
„Ни звучеше како предизвик, но и како миг да покажеме дека овој спој не значи комерцијализација, туку синергија на две нешта кои будат убави нешта. Ова е последна објава од оваа наша драга соработка, за процесот во кој тие размислуваа, а ние инспириравме. Царев Врв беше нашиот избор каде ќе пиеме Скопско смуд на крајот на есента, која тој ден пред нашите очи се претвораше во зима. Средбата со овој врв е само уште една потврда во редицата наши впечатоци дека авантурата и уживањето во природата не значат исклучително далечни и звучни дестинации. Овој врв е мистика, овој врв е поезија, овој врв е тло на далечна историја“, велат од Скопско смуд и „Ноу менс ленд“.
Градбите кои тука ќе ве дочекаат биле воени објекти во Балканските војни. Влезот во нив отвора поинкво гледање на животот, од она на што сме навикнати на рингишпилот на градското секојдневие. Овде престојувале нечии предци, пишувале писма семејни, пријателски и секако од оние тајни писма, љубовни. Сонувале, некогаш тагувале, но верувале дека добрината можеби ќе надвладее со светот. Еден ден… Денес, многу децении подоцна, како да виси една недокажаност на овој простор. Денес, лишен од човечко присуство, што можеби е добро, за да нема негативно влијание на овој прекрасен и гол крај. Патеката во есен се трансформира во тепих од лисја. Не сретнавме ниеден планинар, па звуците на природата беа целосна звучна кулиса кога се ужива во мирот.
Од врвот имате перспектива на сокол на цел еден масив планини и заспани долини. Видиковец кој треба да се доживее. На хоризонтот се нижат венци од планини кои стојат во таа есенска раскош и имате впечаток дека ви се на дофат на раката, но не се. Ова е долга патека, преминува 20 километри. А колку има до соседните… Ако решите оваа доцна есен „да одите на планина“, нека тоа биде Осоговскиот масив и од врвови, изберете го Царев Врв“, препорачуваат од Скопско смуд и „Ноу менс ленд“.
Погледнете го последното видео од #СвежоКако серијалот и прочитајте повеќе за ова место и зошто треба да се најде на вашата листа на домашни дестинации: