Од Њујорк до Хонгконг (фото), од Париз до Рио де Жанеиро, државите низ светот постепено ја пречекуваа 2025 година со спектакуларни огномети и светлосни шоуа.
Традиционалниот пречек на Тајмс сквер во Њујорк не го попречи ни силниот дожд, а 18 часа порано, првите големи огномети беа испукани во Окленд и Сиднеј, каде што пееше Роби Вилијамс.
Во светот има 39 различни временски зони, па на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во новата година, од кои последното населено место е Американска Самоа.