Првпат откако беше претворен во музеј пред 94 години, Забранетиот град во Пекинг ноќе ги отвори своите врати за јавноста и по тој повод, палатата беше спектакуларно осветлена. Изборот на боите не беше случаен: црвената, виолетовата и жолтата се сметаат за кралски бои во Кина и тоа имаше за цел да го долови чувството дека Забранетиот град бил древна палата на кинеските цареви.
Забранетиот град повторно бил отворен во 1925 година, но како палата-музеј, што уследило по абдикацијата на последниот кинески цар Пуји, кој потоа бил и протеран од комплексот.
Музејот ќе биде отворен две ноќи по ред како дел од Фестивалот на фенери, кој традиционално се одржува на 15. ден од новата лунарна година.

Посетеноста за двете вечери е ограничена на само 6.000 луѓе и картите биле разграбани во првите неколку минути од почетокот на онлајн продажбата, иако нивната цена била 5.000 јуани (740 долари).
Царската палата оваа година одбележува шест века постоење.