Челична скулптура на американскиот поп арт уметник Џеф Кунс е продадена на аукција за 91,1 милион долари, што претставува нов светски рекорд за дело на жив уметник.
„Кристис“ во Њујорк ја продаде 100 сантиметри високата скулптура „Зајак“ од 1986 година за 20 милиони долари повеќе од проценетата вредност. Таа го надмина рекордот на слика од Дејвид Хокни, која во ноември беше продадена за 90,3 милиони долари.
Новиот сопственик наддаваше од публика, но неговото име не беше објавено.
„Зајак“ е едно од најпознатите дела на 64-годишниот Кунс, чии скулптури неретко предизвикуваа контроверзи во изминатите децении.